Утрински Весник
Македонија

Поранешен затвореник стана заменик директор на Затворот Идризово, велат од Левица

Idrizovo.jpg

Новата Влада на ДПМНЕ и ЗНАМ продолжуваат ‘како до сега‘, па наместо изнаоѓање на решенија за проблемите, добиваме кадровски решенија кои ги продлабочуваат истите, реагираат од Левица.

„По предлог на в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов (кој противзаконски е назначен на оваа функција), предложен е Ибрахим Ељези за в.д заменик директор на КПД Идризово.

Ова лице било осудено и лежело повеќе од 4 години затвор за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични супстанци. Кадарот од коалицијата Вреди, којшто нема ниту соодветно образование, ниту пак исполнува некој од условите за оваа функција, назначен за в.д. заменик директор од Мицкоски, затворската казна ја отслужувал токму во КПД Идризово.

Вчера Левица извести дека лице за кое ДПМНЕ претходно поднело кривична пријава (поранешен член на СДС, а актуелен член на ЗНАМ) е назначено за директор на КПД Прилеп“, додаваат од оваа партија.

Не помалку интересно, какошто велат е дека во јавноста кружат видео снимки од новиот в.д. директор на КПУ затвор Струмица заедно со неговата сопруга (вработена во КПУ затвор Струмица) како барале мито од затворениците за да добијат правна помош и барање за помилување. Овој случа, појаснуваат од партијата, е веќе претходно пријавен во МВР и отпочната е постапка во ОЈО, но сѐ уште нема правна завршница.

„Уште во првиот месец од владеењето на ДПМНЕ и ЗНАМ, македонските институции наместо најавените чесни кадри, добија нешто сосема поинакво!

При формирањето на владиниот состав, бевме сведоци како Мицкоски во својот кабинет сместува луѓе од поранешни кадри на криминалната влада на СДС, до милионери коишто не знаат македонски јазик. За жал, ова не застана овде, па партиски кадри обвинети и осудени за криминал, противзаконски се назначуваат за директори на различни институции“, се истакнува во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје