Утрински Весник
Македонија

Неготинка пријавила сопруг за физички напад, кавадарчанка дека била нападната од двајца додека работела на брана

Semejno Nasilstvo 1.jpg

Вчера во 23 часот, бил уапсен Д.Ш. (36) откако неговата 24-годишна сопруга го пријавила за физички напад во семејниот дом.

„Д.Ш. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

Нешто порано, како што додадаваат од СВР Велес, во 11 часот во ОВР Кавадарци, М.П.(44) од Кавадарци пријавила дека додека извршувала работни задачи на брана на хидроелектирична централа, била физички нападната од Т.М. и А.М. од село Возарци, кавадаречко.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Велес.

Можете да прочитате

Тошковски: Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога

Атанасоски: ЛДП храбро се нуди како алтернатива на статус – квото

ВРЕДИ: Министерот Нуредини од ДУИ ја дал дозволата за складиштето во Трубарево