Утрински Весник
Свет

25-годишна Австралијка силувана од пет мажи во Париз

Gdf 410838.jpg

На социјалните мрежи кружат снимки од безбедносни камери во Париз на само три дена пред отворањето на Олимписките игри. Имено, камерите на ќебапчилница ги снимиле моментите кога наводно силувана девојка влегува во објектот и вели дека ја силувале пет мажи. Во истиот момент во ресторанот влегол и човекот кој наводно ја нападнал само неколку минути претходно.

Жртвата на нападот е австралиска туристка, а таа се обидела да се засолни во либански ресторан откако им побегнала на сторителите на нападот во населбата Пигал. Француските власти веднаш наредија истрага.

Нападнатата жена на полицијата и рекла дека била нападната од група од пет мажи со „африкански изглед“ и брутално силувана околу 5 часот наутро, по што побегнала и побарала засолниште во ќебапчилницата „Дунија“. На видеото се гледа како преплашената 25-годишна девојка се крие во ресторанот и ги моли сопствениците за помош додека персоналот и другите патрони се обидуваат да ја утешат.

Потоа во објектот влегува маж, а жената на работниците им покажала дека токму тој ја нападнал. Вработените се соочиле со силувачот, а по кратка тепачка мажот го напуштил ресторанот. Полицијата набрзо пристигнала и разговарала со жената.

Овие снимки ќе бидат клучен доказ пред судот, а сето тоа се случи само три дена пред почетокот на Олимписките игри кои ќе донесат милиони луѓе во градот. Полицијата утврдила дека жената не била расположена за разговор по нападот врз неа, а не можела ни да се сети на сите детали од овој ужасен чин. Париската полиција подоцна потврди дека истрагата е во тек, но дека сѐ уште не се извршени апсења.

Портпаролот на полицискиот синдикат рече дека жената требала да се врати назад во Австралија во понеделникот, но наместо тоа останала во Франција за да помогне во истрагата.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме