Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Поклонетиот имот на Јанушев е заверен од адвокат Панче Тошковски

Sdsm.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Во иста зграда во центарот на Скопје кадешто е поклонетиот имот на вториот човек во Владата на Мицкоски, Игор Јанушев има и министерот Панче Тошковски.

Крјано сомнително и надлежни институции треба да го истражат целиот случај.

Поклонетиот имот на Јанушев е заврен од адвокат Панче Тошковски за што постои документ којшто денеска го објавуваме. 

Навидум ништо спорно, затоа што Тошковски е познат адвокат. 

Но, дали всушност Тошковски и Јанушев се јавуваат и како инвеститори за заедничка изградбата на истата зграда каде што имаат имоти?

Дали се другари по имот или се другари по бизнис?

Целиот случај со парцелатата на којашто се наоѓа зградата во која имаат имот и Тошковски и Јанушев влече корени уште од 2010 година со процес на денационализација и приватизација.

Прашањето е како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев?

Јавноста очекува одговори.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име