Утрински Весник
Економија

Мицкоски до Лупевска: На Орбан треба да му се каже алал, а не да прашуваме од кај му се парите

Image 8.png

Наместо ние да речеме „алал да му е“ ние велиме „е од каде му се сега парите“. Вака премиерот Хртистијан Мицкоски одговори на прашање за задолжувањето кон Унгарија, во интервју за телевизија Телма.

Запрашан дали како во примерот со други држави, унгарскиот премиер Виктор Орбан доставил и други барања за заемот, Мицкоски не даде конкретен одговор.

Една од првите одлуки на премиерот Мицкоски и неговата Влада беше задолжување кон Република Унгарија.

Владата донесе одлука да земе заем од унгарските банки во висина од 250 милиони евра со каматна стапка од 3,25 проценти и овие пари треба да завршат како кредити за бизнис секторот.

За задолжувањето да се реализира во Собранието ќе треба да се донесе посебен закон.

Државата многу ретко се задолжува кај друга држава, а најпознат пример на такво задолжување беше пред десеттина години кога тогашната Влада се задолжи кон Република Кина, но тогаш за да се изградат автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“