Утрински Весник
Македонија

Полициските хеликоптери исфрлија над 148 тони вода врз пожарите кај Старо Нагоричане и Брезница

Img 81f256e43cd88047550c607fd781f608 V.jpg

Денеска (23.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарите кај Старо Нагоричане и с. Брезница. Хеликоптерот Бел 412 во 05:00 часот заедно со екипа од Црвениот крст, која што постави базен за полнење на вода, дејствуваа врз пожарот во Старо Нагоричине.

По 19 циклуси и исфрлени 28 тони вода, пожарот е изгасен. По ова, хеликоптерот Бел 412 заедно со хеликоптерот Ми-171 дејствуваа врз пожарот во реонот на селото Брезница, Јасен. Врз овој пожар хеликоптерите Бел-412 и Ми-171 заедно во 45 циклуси исфрлија 120 тони вода.

Можете да прочитате

Црвениот крст исплати 11,2 милиони денари на 18 повредени од пожарот во „Пулс“

(Фото) Очевидец за трагедијата во Карпош: Жената стоела на балкон со детето и се расправала

Сиљановска-Давкова: Во минатото, географијата ги одредуваше можностите, а денес знаењето, храброста и визијата ги надминуваат границите