Утрински Весник
Економија

ЕБОР одобри кредит од 26,4 милиони евра на МЕПСО за зајакнување на електричната мрежа

Mepso Logo 960x485 1.jpg

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит во износ од 26,4 милиони евра за Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО).

Поконкретно, проектот ќе добие инвестициски грант од 7,6 милиони евра од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и грант во вредност од 500.000 евра Климатскиот инвестициски фонд за забрзување на транзицијата од јаглен.

Вкупната вредност на проектот изнесува 34,5 милиони евра.

Целта на проектот е МЕПСО да ја подобри електро-преносната мрежа во југо-источниот регион на државата. Со проектот ќе се овозможи поврзување на 1,2 гигавати на нови обновливи извори на енергија во регионот, каде воглавно има ветерници, со што значајно ќе се унапреди зелената транзиција на земјата и ќе се забрза преминот од користење на јаглен како енергенс.

Главната инфраструктурна цел на проектот е изградбата на 400/110-киловатна под-станица во близина на Милетково и нова 110-киловатано преносено поврзување со далновод, како и рехабилитација на постоечкиот 10-киловатен далновод и на под-станиците околу Милетково, Валандо и Струмица.

Со имплементацијата на проектот се очекува да се намалат загубите на енергија за околу 14,5 гигават часови.

Во проектот е предвидено и отворање на центри за обука за операторите со високо-волтажна мрежа во југо-западниот регион. Обуките се наменети за вработените во МЕПСО, но и за други работници врз кои влијае транзицијата кон зелена енергија.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена