Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова на средба со норвешката амбасадорка Кристин Мелсом

Foto 4 1 Scaled.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи што, во изминативе три децении, се засноваат на традиционално пријателство и конструктивно партнерство. Во таа насока беше реафирмирана посветеноста за натамошно негување на заедничките вредности, динамизирање и унапредување на политичкиот дијалог и соработка во сите области од заемен интерес.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од континуираната и конкретна норвешка поддршка во развојот на нашите капацитети и остварувањето на надворешно политичките приоритети и цели. Во таа насока истакна дека интеграцијата во евроатлантските структури и членството во ЕУ се значаен предуслов за долгорочен и одржлив развој на регионот.

Во контекст на економската соработка, двете соговорнички ја истакнаа важноста на норвешко-македонската стопанска комора во Осло, како силен поттик за бизнис заедниците, зајакнување на економските релации и трговската размена.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски