Утрински Весник
Македонија

Талески: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните, нема да има поголеми плати

Mile Taleski.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ  ја направи најголемата измама во поновата изборна историја на нашата држава и ги излажаа граѓаните, во секој сегмент. Нивните ноторни лаги излегоа на виделина уште во првите 30 дена од нивното владеење. Ниту ќе има поголеми плати, ниту пак покачување на пензиите, рече пратеникот Миле Талески во македонското Собрание.

-Првото што го направија ВМРО-ДПМНЕ, е што ја признаа Република Северна Македонија и признаа дека нема да го променат Преспанскиот договор. Потоа ја прифатија преговарачката рамка, за која правеа најразлични скандали, а исто така прифатија и дека ќе го променат Уставот и дека Бугарите ќе ги внесат Уставот. Бесрамно ги излажаа граѓаните дека ќе им ги покачат платите, а сега слушаме дека ќе има намалување на платите. Ги излажаа просветните работници, здравствените работници, вработените во администрацијата, во МВР, во одбраната, рече Талевски.

ДПМНЕ пред изборите излезе со ноторни лаги и за пензионерите, ветувајќи им покачување од 5 илјади денари, кое нема да се случи, како и дека нема да ги задолжат граѓаните, а првата одлука што ја направија е тој фамозен кредит од нивниот пријател Орбан, со што ги задолжија граѓаните со 500 милиони евра.

-Сите инвестиции за кој зборува и ги  најави ДПМНЕ, се проекти кои ги започна и договори СДСМ. Исто така излажаа дека ќе ја намалат администрацијата, но првата одлука која ја донесоа со ДУИ, за која велеа дека е криминална партија, е да се прошири администрацијата со 4 нови министри, рече Талевски.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации