Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи

Vreme 1.jpg

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер.

Можете да прочитате

Демократски Сојуз смирува: Војната во Иран брзо ќе заврши

Фертилитетот во фокус: Експерти подготвуваат прв Национален водич за заштита на фертилитетот

Началникот на Генералштабот на АРМ ја заокружи посетата на ВС на САД  со средби со високи воени претставници во Пентагон, Вашингтон