Утрински Весник
Свет

Трамп донирал двапати пари за Камала Харис, донирала и Иванка

Bc008987 9016 42c8 96c5 Fe0198d8d817 1.jpg

Откако Џо Бајден се откажа од претседателската трка, Доналд Трамп брзо ја оцрни Камала Харис, која најверојатно ќе стане демократска кандидатка за претседател.

Недолго откако Бајден ја објави својата одлука, на социјалните мрежи масовно почна да се шири информацијата дека Доналд Трамп донирал 5.000 долари за кампањата на Камала Харис во 2011 година. И тоа не била неговата единствена донација.

Тој, исто така, донирал 1.000 на Харис во февруари 2013 година на почетокот на нејзината кампања за реизбор за државен обвинител. Ќерката на Трамп, Иванка, исто така донирала 2.000 долари на Харис во јуни 2014 година.

Демократскиот конгресмен од Флорида, Џаред Московиц, твитна слика од чек со донацијата на Трамп за Камала Харис, нарекувајќи ја „мудра инвестиција“.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно