Утрински Весник
Свет

Над 4.350 лица се идентификувани како можна закана по ОИ во Париз

Olimpiski Igri Pariz.webp.webp

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен синоќа изјави дека неколку дена пред почетокот на Олимписките игри во Париз спроведени се еден милион административни истраги и утврдено е оти 4.355 лица би можеле да претставуваат закана.

Безбедносните истражување се спроведени за сите лица кои на каков било начин ќе учествуваат во ОИ од 26 јули до 11 август и на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември.

Проверени се спортисти, тренери, новинари, волонтери, приватно обезбедување, дури и граѓаните кои живеат во близина на одржувањето на церемонијата на отворање на ОИ.

Истрагата покажала дека 4.355 луѓе претставуваат закана и тие се исклучени. Осумстотини луѓе се исклучени поради сомневање за странско мешање, 360 поради „обврската да заминат од француска територија, додека за 142 било оценето дека се закана по државната безбедност. Меѓу исклучените 260 лица се регистрирани како радикални исламисти, 186 како ултралевичари и 96 како ултрадесничари.

Околу 35.000 полицајци и жандарми и 18.000 француски војници ќе ги обезбедуваат Олимписките игри секој ден.

Можете да прочитате

Кошта: Единствен победник од оваа војна е Русија

Сауди Арамко: Ќе има катастрофални последици за пазарот на нафта ако продолжи кризата во Хормуз

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?