Утрински Весник
Балкан

Сообраќајна несреќа на Крф: Едно лице загина, а две се тешко повредени во судир на туристички автобус и камион

Soobrakjajka.jpg

Eдно лице загина, а две се тешко повредени во судир на туристички автобус и камион на грчкиот остров Крф.

Автобусот се движел од градот Палеокастрица кон градот Крф и од засега непозната причина преминал на спротивната лента и удрил во паркиран камион, пренесува „Прототема“.

Возачот на автобусот починал на лице место, додека една жена и едно дете биле извлечени од автобусот со тешки повреди.

Акцијата за спасување била спроведена со помош на полицијата и противпожарната единица, а во неа учествувале 22 пожарникари со пет возила.

Можете да прочитате

Ердоган ја предупреди Грција: Откажете се од погрешниот пат и престанете да ги вооружувате островите

Ескалира 94. протест во Тирана, судири со полицијата, Рама го напушти кабинетот под силно обезбедување

Се самоуби Русинот кој уби три лица во Црна Гора