Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Полициските хеликоптери  исфрлија над 120 тони вода врз пожари

5 1.jpg
Img 7972

Денес (18.07.2024), два полициски хеликоптера Mi-171 и Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици учествуваа во гасењето на пожарите во државата. Ми-171 дејствуваше на планината Серта, на територијата на општина Неготино, на пожарот кај селото Подлес, на територијата на Кавадарци и на пожарот на територијата на Радовиш. За време на дејствувањето,  хеликоптерот во 32 налети исфрли над 80 тони вода.

Хеликоптерот Бел-412 дејствуваше на пожарите на врвот Лисец, помеѓу селата Г. Јаболчиште и Дреново, и на планината Серта, с. Калањево. За време на дејствувањето во 27 налета исфрли преку 40 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен и останати воздухоплови на терен се дејствуваше да се локализираат огнените стихии.

Можете да прочитате

Обвинителството оформило предмет за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Починато лице предложено за советник во Советот на Град Скопје – ДИК ќе го извести Обвинителството

УХМР: До вторник стабилно време, во среда локален дожд, од четврток температурите во пораст