Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Не ни е целта го уништиме ноќниот живот туку да воспоставиме ред за жителите во Капиштец

Whatsapp Image 2024 07 17 At 16.26.23 Bb530cd5.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во вчерашното гостување на МРТВ за проблемот со гласната музика во Капиштец и постојаните поплаки од граѓаните кажа дека општината нема за цел да го затвори ноќниот живот туку да воспостави ред и мирен сон за жителите во Капиштец.

„Имаме засилени контроли и од општината во делот на мерење на гласна музика инспекциски служби по кафеаните и рестораните има и доста зголемено присуство на припадниците на МВР коишто се не само во Дебар Маало и на Боемска туку и по детските игралишта каде што се создаваа овие проблеми со коишто се соочуваат. Верувам дека и со МВР ќе продолжат самите акции и нашите инспекциски служби ќе бидат почесто на терен. Казните се енормно високи и верувам дека и кафеанџиите и сопствениците на локалите дека ќе се свестат со своето однесување. Не ни е целта да го уништиме ноќниот живот, целта ни е да воспоставиме ред и што подобри услови за живеење на нашите жители. Верувам дека ќе успееме во тоа” рече Герасимовски.

Тој во емисијата „Во живо” зборуваше и за деликвентните однесувања на младите на детските игралишта но и за одржувањето на јавната хигиена и тековните проекти во општината.

Можете да прочитате

Герасимовски: Фантастична предновогодишна вечер на Боемска, центарци со позитивна енергија влегуваат во 2026

Прекин на водоснабдувањето во делови од Тафталиџе утре

Скопје започнува со подготовките за „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“