Утрински Весник
Македонија

И Црна Гора испраќа хеликоптер кон Македонија!

451338425 874284124729182 3304412170062863846 N.jpg

И Црна Гора испраќа хеликоптер кон Македонија кој треба да помогне во гаснењето на пожарите низ земјата.

Оваа вест на Фејсбук ја објави тамошното Министерство за одбрана од каде велат дека со одлука на членовите на Советот за одбрана и безбедност и на предлог на министерот за одбрана Драган Краповиќ, хеликоптерот на Армијата е испратен во Република Северна Македонија, со цел нашите воздухопловци да помогнат во гаснењето на пожарите што ја зафатија таа земја.

„Два хеликоптери на Република Словенија слетаа на воениот аеродром Књаз Данило и по краток престој заедно со хеликоптерот на Армијата на Црна Гора заминаа да извршат заедничка задача.

Началникот на Генералштабот на хрватската армија, бригаден генерал Зоран Лазаревиќ, заедно со колегите ја провериле подготвеноста на екипажот, по што ги испратиле воздухопловците да извршат задача во која ќе им помогнат на граѓаните на оваа пријателска земја.

Хеликоптерот на Армијата на Црна Гора ќе оперира во подрачјата зафатени со пожари, во координација со локалните власти и службите за итни случаи.

Овој чин на солидарност дополнително ги зајакнува врските меѓу нашите земји и ја покажува подготвеноста на Црна Гора да даде поддршка во кризни ситуации“, додаваат тие.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње