Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Цистерната на ЈП ПОЦ започна и со ноќно миење на улиците

Whatsapp Image 2024 07 16 At 23.01.43 Dd4b56b4.jpg
Dik 300x250 mk

На температури кои надминуваат 40 степени цистерната на ЈП ПОЦ освен наутро започна да ги мие улиците и навечер. Градоначалникот на Општина Центар смета дека освежувањето на жешкиот асфалт и миењето на прашината е исклучително важно за граѓаните и пешаците, а миењето во ноќните часови ја отстранува насобраната нечистотија и штетните бактерии и вируси особено покрај контејнерите кои на високи температури брзо се размножуваат. Вчера вечер цистерната ги миеше улиците Козара, на Водно и во населба Пролет.

„Цистерната на ЈП ПОЦ секојдневно е активна уште од раните утрински часови но сега истата започна да ги мие улиците и наводнува садниците и во ноќните часови. Миењето на улиците е сериозно важно на овие екстремно високи температури затоа што ќе ја мие нечистотијата и вирусите и бактериите околу контејнерите. Воедно хигиеничарите секојдневно на различни локации собираат смет се со цел да се одржува јавната хигиена но и да се зачува здравјето на граѓаните особено на најранливите”, вели Герасимовски.

Покрај миењето и освежувањето на улиците на високите температури општинската организација Црвен Крст секој ден од 11 до 15ч им дели вода на минувачите и граѓаните на автобуските станици. Заштитата на населението е примарна задача за Општина Центар затоа одржувањето на хигиената особено во најтоплите месеци ќе продолжи и во наредниот период.

Можете да прочитате

Светлана Колариќ ќе претседава со Советот на општина Кисела Вода

Герасимовски ќе соработува со Среброва и Ивановска – потег што покажува зрелост и грижа за интересот на граѓаните

Мини „водна фонтана“ меѓу зградите предизвика поплава кај АЕК