Утрински Весник
Македонија

Пожарот во Битола делумно ставен под контрола, спречено ширење кон битолско Раштани

Signal 2024 07 16 181429 002 1152x1536 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пожарот во Битола е делумно ставен под контрола. Спречено е тој да се прошири кон селото Раштани, потврди заменик командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола, Горан Димкоски.

– Пожарот делумно е ставен под контрола. Има уште една точка што ни е надвор од контрола, затоа што станува збор за непристапен терен. Нема опасност за куќи или викенд населби. Нема загрозени имоти и лица. Тоа го спречивме. Ако не го спречивме, одеше кон селото Раштани, појасни Димкоски.

На пожарот се делува и од воздух. Интервенираат пет авиони „ер трактори“ и еден канадер. Во гаснењето вклучени се и 35 пожарникари од ТППЕ – Битола, доброволци, лица од јавни претпријатија, доброволни друштва.

Можете да прочитате

Петок ( 2 Јануари) ни носи снег и снежна покривка во западните предели

Алкохолна ноќ на патиштата: Удрил во канделабра, нападнал полиција, возел во спротивен правец

Рекордна наплата на патарини: Државната каса побогата за над 4,1 милијарда денари