Утрински Весник
Македонија

Бизнисменот Чедо Радомировиќ пронајден со тешки повреди во близина на Орман

Najnovavest 2.jpg

Сопственикот на фирмата „Техноком“ и основач на „Радо банка“ Чедо Радомировиќ вечерва е пронајден тешко повреден покрај автомобил во близина на скопското село Орман.

Во моментов се истражува дали станува збор за обид за убиство или самоубиство.

Инаку, бизнисменот Чедо Радомировиќ во минатото беше сопственик на сега веќе пропаднатата „Радо банка“, а во 2005 година беше уапсен поради вмешаност во пирамида, во друштво на десет даночни затајувачи.

Контроверзниот бизнисмен беше познат по тоа што беше прилично близок со ВМРО-ДПМНЕ и беше поранешен сопственик на Радо Банка која заврши во стечај и ликвидација а во негова сопственост беше и градежната фирма Македонија инвест.

Можете да прочитате

Утрински дожд, потоа разведрување: Денеска силен ветер во западните делови

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

МВР со апел до родителите и јавноста: Заштитете ги децата од групата „764“