Утрински Весник
Македонија

Герасимовски до Град Скопје: Преполните контејнери се потенцијална зараза, чистете ги навреме

Whatsapp Image 2024 07 15 At 15.07.29 1.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го повикува Град Скопје редовно да го чисти ѓубрето во општината особено за време на високите температури. Герасимовски алармира дека вреќи и купишта ѓубре има на многу делови во општината од кои се шири неподнослива миризба.

Вреќи и куп ѓубре околу контејнерите не само што е лоша слика за гледање туку на овие високи температури тоа е потенцијална зараза и неподнослива смрдеа. Минатото лето сите бевме сведоци на иста ваква слика па бевме принудени сами да си ангажираме механизација и покрај локалните улички чистевме и онаму каде тоа требаше да го направи градот. Да не дозволиме оваа слика да не прогонува секое лето. Замолувам за редовно чистење и миење на улиците. Граѓаните ниту имаат каде да поминат ниту можат прозорци да отворат во вечерните часови. Тие не го заслужуваат ова“, алармира Герасимовски.

Општина Центар често добива поплаки од граѓаните за преполни контејнери на локации кои се во надлежност и ингеренции на Градот Скопје, а не на општината, истакнуваат во нивната информација.

Цистерната на општинското претпријатие ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, како што појаснуваат, секое утро ги мие улиците, а општинските служби секојдневно метат во различни населби, денеска косат трева и собираат смет во населбата Крњево и околу Зелениот пазар.

Општина Центар апелира, градот да си направи системско решение за навремено извршување на обврските според ингеренциите. Граѓаните редовно плаќаат сметки и заслужуваат чиста средина, потенцираат од општината.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор