Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ со препораки како да се разладиме на екстремна топлина

Toplo Vreme.jpg

Иако изложувањето на сонце има значителни здравствени придобивки, за жал, со климатските промени, топлотните бранови се сѐ почеста појава и се подолги и потопли. А ризикот на човековото здравје рамномерно се зголемува.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за разладување за време на екстремна топлина

Избегнување на изложување на сонце

Најважниот чекор е да се држите подалеку од сонце со престој во затворен простор или во засенчена област во најжешките часови од денот-помеѓу 10 и 17 часот.

Соодветен третман при изложување на сонце

Изберете поладна и пократка рута до крајната дестинација.

Кога сте на директна сончева светлина, по ваша проценка, покријте го видливиот дел на телото носејќи светла и широка облека и очила со УВ заштитен фактор.

Редовно нанесувајте крем за сончање со минимум фактор на заштита 30 (по потреба консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт). При нанесување на крем за сончање, покрај нанесување на лицето, не ги запоставувајте и други откриени делови на телото, деколтето, ушите и вратот.

Покријте ја главата со капа која ќе овозможи комплетна засенченост на уши, нос и врат или користете чадор со бела боја. Исто, лепезата може да биде добра алатка во справување со топлината.

Не заборавајте да правите редовни паузи во затворени простории или во засенчени места за да избегнете топлотна исцрпеност или топлотен удар.

Можете да понесете со себе спреј со вода или шише со вода и повремено да прскате или мануелно (рачно) да нанесете. Алтернативно, ставете ладни облоги.

Измијте ги рацете, вратот и нозете. Изложувањето на вода на овие регии ќе придонесе за брзо и ефикасно ладење.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа