Утрински Весник
Македонија

ЗМСТАС „За нас“: Сестринската професија не заслужува да ѝ се фрла дамка поради недокажани инциденти

20240715100253 Big 730x400 21.webp.webp

Унијата на здруженија предводена од “ЗМСТАС – ЗА НАС” во однос на актуелните случувања на детската клиника, а во врска со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче, ги повикува релевантните институции да приложат докази за разрешување на случајот.

„Во нашата земја во моментов работат околу 9200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти.

Затоа од име на Унијата на медицински сестри упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник.” – м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унија на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС”.

Можете да прочитате

ДУИ: Најостро го осудуваме нападот врз градоначалничката Арсовска

Фокус: Функционер на ДУИ осомничен за подметнување пожари

Левица: Непостапувањето на МВР и Тошковски за мир во коалицијата кулминира со физички напад врз жена