Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Владата падна на првиот тест, спората реакција во Неготино опустоши 1000 хектари

20240712171146 Big 730x400 21.webp.webp

Задоцнета и ненавремена беше реакцијата на надлежните и Владата на Мицкоски за справување со пожарите во Неготино и регионот. Заради слабата координација и немарност, изгореа преку 1000 хектари зеленило и се донесоа во опасност преку 150 куќи. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше ефикасност, но само по првата криза се покажа дека не умеат да се носат со предизвиците. Цели два дена доцнеше механизација и прогалсувањето на кризна состојба.

Откако СДСМ вчера вечер алармираше, дури по три часа Владата се смогна да прогласи кризна состојба. Навремена и соодветна реакција ќе спасеше значителна површина на зеленило и немаше да се доведат во опсност викенд населбата Калањево. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека со лажен ПР и постојани вести нема да ја покријат неспособноста на терен.

Можете да прочитате

Мицкоски најави дека наскоро ќе имаме пет потрошувачки кошници, не една

Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница

Мицкоски: Бугарија има шанса да докаже дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единственото барање