Утрински Весник
Магазин

Почина Шенон Доерти – 24info.mk

Screenshot 2024 07 14 152430.jpg

Шенон Доерти, ѕвездата на Беверли Хилс, 90210, почина по долгогодишна борба со ракот на дојката. Таа имаше 53 години.

„Со тешко срце го потврдувам смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоун во изјава за People. Шенон се прослави во 1990 година како Бренда Волш од мегапопуларната серија Беверли Хилс, 90210. Нејзиниот брат близнак Брендон го играше Џејсон Присли, со кого остана блиска до крајот на нејзиниот живот, како и покојниот Лук Пери кој го играше Дилан во серијата.

На Доерти и беше дијагностициран рак на дојка во февруари 2015 година, а во 2017 година објави дека е во ремисија. Една година подоцна, таа рече дека болеста се проширила на лимфните јазли. Во мај 2016 година, таа беше подложена на мастектомија. Една година подоцна, болеста повторно беше во ремисија, но веќе во 2019 година, Шенон дозна дека нејзиниот рак се вратил, се проширил и дека е во четврта фаза.

Таа продолжи да работи и не се откажа. Во јуни 2023 година, таа објави дека ракот се проширил на нејзиниот мозок и дека повторно прима зрачење.

Во април таа откри дека се подготвува да замине.

„Мој приоритет во моментов е мајка ми. Знам дека ќе и биде тешко ако умрам пред неа. Затоа што ќе и биде толку тешко, сакам да и ги олеснам работите. Не сакам таа да имам еден куп работи со коишто ќе треба да се занимавам после тоа, не сакам да имам четири складишта полни со мебел“, објасни таа во тоа време. Актерката додаде дека ослободувањето од имотот и работите и помага „да остави зад себе почиста и полесна транзиција за семејството“.

Најголемите улоги
Родена е на 12 април 1971 година во Мемфис, а со глума почнала да се занимава уште како дете. Таа играше во Little House on the Prairie, Girls Just Want to Have Fun, Our House, Heathers, Charmed и во Fortress, која беше нејзината последна главна улога. Таа се прослави со улогата на Бренда во Беверли Хилс каде глумеше четири сезони.

Во 1991 и 1992 година, улогата на Бренда и донесе номинација за наградата млад уметник за најдобра млада актерка во ТВ серија. Во 1994 година, таа ја напушти серијата.

Можете да прочитате

Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево, за мене сè е моја Албанија – Бебе Раџа со скандалозна изјава од Македонија

Српскиот пејач Аца Лукас завршил на ургентен во Белград

Тие се незаборавни, но исцрпувачки партнери: Четири знаци кои не знаат да живеат мирно