Утрински Весник
Македонија

Армијата и хеликоптери ангажирани за гаснење на пожарите во неготинско

Img 0722.jpeg

По наредбата од страна на претседателката и Врховен Командант на Вооружените Сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновскинареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата.

Притоа, стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реонна неготинско и планината Серта.

Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогодисекогаш кога било потребно.

Можете да прочитате

Исчезна 39-годишен струмичанец, семејството бара помош од граѓаните

Најдовски: Разрешувањето на директорката во Демир Хисар е законско

Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта