Утрински Весник
Македонија

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Img 0713.jpeg

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите. На седницата, која се одржа вечерва, поради топлотниот бран и состојбата со пожарите, кризната состојба ќе трае 30 дена.

Како што информираат од Владата, Министерството за внатрешни работи се задолжува да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите.

Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот се задолжуваат да бидат во приправност за времетраењето на кризната состојба, додека Министерството за финансии се задолжува да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства доколку за тоа се покаже потреба.

Да се информираат претседателот на Република Северна Македонија и Собранието на Република Северна Македонија за донесената Одлука за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија, согласно член 31 од Законот за управување со кризи. За операционализација на Одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија, а врз основа на дадениот предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија му предлага на претседателот на Република Северна Македонија да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици), во справувањето со кризната состојба, наведуваат од Владата.

Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи Владата го задолжи да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата.

-Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, нагласуваат ид Владата.

Истовремено, Владата упати апел до граѓаните за внимателност при движењето во шуми и шумските појаси и областите зафатени со пожари.

-За ова, се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – П.О. Скопје, за наредната седница на Владата да информира за состојбите и потребата од ограничување на движењето на лица во шумите и шумските појаси, наведуваат oд Владата

Можете да прочитате

Ставот на МАНУ е дека постои само една национална академија и оти во неа нема место за политички влијанија, за Мицкоски иднината не е во поделби туку во обединување

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата

Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер