Утрински Весник
Македонија

И директори на МТВ во македонската делегација на самитот на НАТО

719ac607 1bea 4d40 8635 Df63c3277555.jpeg

На политичката сцена во Македонија се уште траат препукувањата помеѓу власта и опозицијата за ефектите од самитот на НАТО во САД.

Од СДСМ посетата на македонската делегација ја оценија како дебакл, додека ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека Македонија повеќе немала свиткана кичма во НАТО.

Но на страна од политичките преписки, она што се издвојува како посебно од последниот НАТО самит е фактот што делегацијата била досега најбројна, но над 30 претставници.

Освен премиерот Христијан Мицкоски, неколку министри и вработени во службите во Владата, во делегацијата која беше во САД се нашол и директорот на МТВ, Марјан Цветковски, по што се поставува прашањето со која цел и поради која функција и тој бил дел од владината делегација?

ВМРО-ДПМНЕ пред неколку недели ја презеде власта во Македонија и самитот на НАТО е првиот важен меѓународен настан за премиерот Мицкоски и владата.

Битно е да се напомене дека токму ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа силни противници на Преспанскиот договор кој беше предуслов за членство на Македонија во НАТО, но очигледно, денеска кога од позиција на власт ги уживаат придобивките за службени патувања со гломазна делегација, за ВМРО-ДПМНЕ, Договорот од Преспа и не е така лош.

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик, а Инспекторатот од независен го претвори во одделение на Министерството за култура

Арбен Таравари ја достави оставката, му било чест да работи за владата

Притвор за дилер од Битола, им давал марихуана и на деца