Утрински Весник
Македонија

Среде ноќ поставувале плоча на станбен објект во Охрид, полицијата на лице место затекна три лица

132343989 88276.gif

Ноќеска во 02.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Македонски просветители“ во Охрид, градежни работници поставувале бетонска плоча на стамбен објект во изградба.

При извршена контрола, полициските службеници, при изведување градежни зафати со работни машини кои создавале механичка бучава, ги затекнале В.К.(40) од Ресен и А.Л.(21) и Т.Д.(25), двајцата од Охрид, вработени во градежна фирма од Охрид.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

Можете да прочитате

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани