Утрински Весник
Македонија

Повредена жена пронајдена на автопат кај Демир Капија – ја претепал некој или ја прегазил?

Policija Nokje 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повредена жена била пронајдена синоќа на автопатот кај Демир Капија, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 19:50 часот на автопатот А1 Демир Капија – Неготино, по наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР – Неготино ја пронашле С.М., на возраст од 49 години од Република Србија, која била со повреди на телото. Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М., на возраст од 52 години од Република Србија, кој кажал дека враќајќи се со С.М. и нивните малолетни син и внука од одмор од Република Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничен премин „Табановце“, појаснија од СВР – Велес.

Од страна на Итна медицинска помош – Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што била пренесена во здравствена установа „Негорци“. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе