Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНДОВ ЕКСТРЕМНО ТОПЛО НАСЕКАДЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Температури и до 43 степени, како и екстремно висок Ув индекс со вредност 10

Gfs 0 60 1.png
Dik 300x250 mk

Најнова метео анализа на Славчо Попоски: Екстремно топлиот Африкански бран кој ја зафати нашата Македонија, но и целиот Балкански Полуостров, викендов ќе зема замав, па така температурите ќе бидат уште повисоки и насекаде во Македонија тие ќе бидат екстремно високи. Екстремно висок ќе биде и Ув индексот со вредност 10.

Што се однесува до температурите, тие викендов ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во Скопската котлина таа ќе се искачи до околу 40 степени, но со тоа што повремено температурата може да надмине и 40 степени. Тука се и тропските ноќи и тоа особено во централните и во југоисточните предели каде и преку ноќта, како и во раните утрински часови температурите нема да се спуштат под 20 степени.

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Утре попладне и тоа во западните предели ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на краткотрајно невреме.

Поради екстремно високите температури, но и поради екстремно високиот Ув индекс апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Можете да прочитате

По расправија за сообраќајка на Бит Пазар повреден е скопјанец со остар предмет

Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет

Приведени дајца играчи од ФК „Беса“, физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“