Утрински Весник
Македонија

Двајца пензионирани пилоти вклучени во гаснењето на пожарите

20240712171146 Big 730x400 21.webp.webp

Дирекцијата за заштита на спасување конечно постигна договор со двајца пензионирани пилоти во борбата против пожарите. Двајцата пилоти кои го склучија договорот утрово се веќе на терен и помагаат во гаснењето на пожарот во Неготино.

„Утрово потпишавме договори со нив, ги спроведовме сите формално правни процедури со агенцијата за цивилни летови и од моментот кога ни беше дадена дозвола повторно да летаме, веќе еден час, нашите два авиона со овие двајца пилоти се на терен и гасат пожари во околината на Неготино, поточно на планината Серта“, рече Беким Максути, Дирекција за заштита и спасување.

Според Центарот за управување со кризи, во моментов има два активни жаришта, но во моментов нема опасност од пожари во населените места.

Противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување веќе подолго време не се во функција бидејќи нема пилоти кои би управувале со нив.. Досега, во борбата против пожарите, државата се потпираше само на трите хеликоптери на МВР, кои истовремено се оперативни хеликоптери за потребите на полицијата, и еден армиски хеликоптер, кој не може да се користи без одлука на претседателот на државата. Недостасуваат и ресурсите на националните шуми за справување со пожарите, поради блокираните сметки на Јавното претпријатие „Македонски шуми “.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски