Утрински Весник
Македонија

Таравари: На пет најдобри студенти од медицинските факултети веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници

Taravari3.jpg

На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници, информираше денеска министерот за здравство д-р Арбен Таравари, по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ.

– Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10 најдобри студенти, рече министерот.

На средбата стана збор и за мораториум на одредени специјализации, а предност да се даде на специјализациите за онкологија, радиологија, патологија, анестезиологија.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница