Утрински Весник
Македонија

Прегазен велосипедист во Скопје – Со автомобил удрил директно во него

Velosiped 306496 398201.jpg

На 10.07.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 10.00 часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот А.Ј. од Скопје, удрило во велосипед, управуван од 81-годишниот П.Т. од Скопје, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово

Пожар во „8 Септември“: Евакуирани пациентите од ортопедија, гореле инвалидски колички

Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене