Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Зошто Мицкоски ја крие средбата со бугарскиот премиер Главчев?

Img 0476.jpeg

Поминаа 14 часа откако бугарскиот премиер Главчев на долго и на широко раскажа за средбата со Христијан Мицкоски пред медиумите, а Мицкоски никаде го нема да ги соопшти ставовите од таа средба.

Покрај протоколарните убави зборови, Главчев јасно ги повторил позициите на Бугарија дека обврските за Северна Македонија остануваат.

Дали Мицкоски го крие разговорот и се срами да соопшти како поминале неговите барања?

Дали воопшто ги поставил барањата за промена на преговарачката рамка?

Дали било што од ветувањата кои ги даде пред граѓаните во кампањата го покренал како прашање?

Или повторно, по веќе не знаеме кој пат од преземањето на власта, си ја подвиткал опашката?

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го искористат самитот за зајакнување на македонските позиции во однос на Бугарија и Грција, но и други важни средби.

Засега се што добивме се многу насмеани селфи фотографии од министрите, една веќе постоечка инвестиција и никаков успех на дипломатски план.

ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека ништо од ветеното не планира да реализира ниту има капацитет за тоа.

Можете да прочитате

Кривичен суд: Судењето за убиството на Вања и Панче започнува на 4 септември

ТОПЛОТНИОТ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ УШТЕ НАЈМАЛКУ 10 ДЕНА: Се очекуваат температури до околу, па и над 40 степени

Во Светниколско во три села вчера изгорели околу 40 куќи, од кои поголем дел се напуштени