Утрински Весник
Балкан

Кларк: „Вучиќ сака да го земе барем северниот дел на Косово, да ја разбие БиХ и да формира голема Србија“

20240710114758 Big 730x400 92.webp.webp

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк и косовскиот премиер Аљбин Курти гостуваа во програмата на Си-ен-ен.

Во изјава за медиумот Кларк вели: „Вучиќ сака да го окупира барем северниот дел на Косово, а можеби и повеќе, и да ја разбие Босна и Херцеговина и да формира голема Србија. Ако потфрлиме во Украина, таа неволја ќе се врати токму на Балканот“, пренесува „Слободна Босна“.

Кларк додава дека „Србија е руска рака на Балканот“.

„Србија им служи на руските интереси. Сега претседателот Вучиќ е паметен. Се претставува како да игра на двете страни, но кога ќе дојде време, ќе го направи она што Путин го бара од него“, тврди генералот Кларк, пренесува „Радио Сараево“.

Косовскиот премиер Курти предупредува:

„Нашиот северен сосед е многу агресивен кон Косово. Србија има 48 напредни оперативни бази околу границата, кои чекаат нова можност. Кремљ и Белград историски, политички и оперативно се имитираат еден со друг“, рече тој, пишуваат медиумите во соседството.

Можете да прочитате

Ученик се обидел со запалка да ја запали косата на првоодделенец во училиште во Нови Сад

Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател

Уапсени сторителите на вооружениот грабеж на 1,2 милиони евра од комбе со пари во близина на Атина