Утрински Весник
Македонија

Сончево со температура до 39 степени, попладне во западните делови од земјава локален пороен дожд

Sonchevo.jpg

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови од државава ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

Од УХМР најавуваат дека во наредните денови следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе достигнува 40 степени.

Во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во четврток кога ќе има услови за краткотрајно невреме.

Можете да прочитате

Народниот правобранител отвори предмет за загадувањето на водата во Гостивар

Апелација ја зголеми затворската казна од 16 на 20 години за кавадарчанецот која ја уби својата вонбрачна партнерка

Уставен суд за прв пат пријави судија за непочитување судска одлука