Утрински Весник
Свет

Судири меѓу екстремните левичари и полицијата по изборите во Франција

677z381 14 668b875ca9cfb 1.jpg

Полицијата го „исчисти“ Плоштадот на Републиката во Париз од демонстрантите, додека ѓубрето останаа на местото на демонстрациите, а скршените стакла на автобуските постојки беа оставени на асфалтот, пренесува „РИА Новости“.

Повеќе од илјада луѓе, кои ги поддржуваат левичарските сили во Франција, се собраа во неделата вечерта на Плоштадот на Републиката во Париз, чекајќи ги резултатите од вториот круг од парламентарните избори во Франција.

Граѓаните со ентузијазам го дочекаа објавувањето на првите резултати. Демонстрациите беа мирни, но подоцна им се придружија приврзаниците на фашистичките групи.

На плоштадот беа распоредени силни полициски сили и водени топови.

Демонстрантите со црни маски почнаа да фрлаат огномети и шишиња кон полицијата, која употреби солзавец.

Се слушнале детонации на рачно изработени експлозиви, но засега нема информации за повредени. Голем број демонстранти се собраа и во Марсеј, пренесува медиумот.

И покрај забраната за демонстрации, луѓето излегоа на улиците во Рено. Откако безбедносните сили им наредиле да се разотидат, демонстрантите почнале да извикуваат „Сите ја мразат полицијата“, а атмосферата станала напната, пренесе „Фигаро“.

Според прелиминарните резултати од вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, кои рано утринава ги објави француското Министерство за внатрешни работи, левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП) освои 182 места во националното собрание, пренесува дневниот весник „Монд“.

Политичкиот сојуз на актуелниот француски претседател, центристичкиот блок Заедно, освои, според овие податоци, 168 пратенички места, а на трето место е десничарската партија Национален собир (РН) на Марин Ле Пен со 143 пратенички места, пренесува РТ Балкан.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година