Утрински Весник
Спорт

Над велешко езеро Ендуро трка „Мото Велес 2024“

20240707092844 Big 730x400 66 1.webp.webp

Првата ендуро трка „ Мото Велес 2024“ која е од државниот шампионат во Ендуро за 2024 година, традиционално по 14 пат  стартува денеска во 11 часот  на ендуро  патеката над велешко езеро „Младост“. На еднодневната трка ќе се вози во неколку класи : Е1, Е2, Е3 и Е јуниор, а  учество ќе земат од 30 до 50 возачи од земјава и странство: од Србија, Косово, Италија и други земји.

Организатор на трката е  Мото клубот „Мото Велес“ заедно со МФМА односно Моторциклистичката Федерација на Македонија  и Општина Велес. Претседателот на МК  „Мото Велес“, Сашко Ванов, потенцира  дека оваа традиционална трка веќе неколку години по ред е се’ повеќе  примамлива и за учесници кои доаѓаат надвор од границите на нашата држава,а се’ поинтересна  и за публиката бидејќи има интересна стаза со многу препреки.

Тој  ги поканува сите љубители на овој адреналински спорт  денеска да дојдат   на патеката над  велешко езеро „Младост“ и три часа да уживаат во оваа возбудлива трка полна со  адреналин и спортски да ги бодрат учесниците.

На крајот на трката организаторот, како што е најавено, ќе ги врачи и традиционалните пехари по класи.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ