Утрински Весник
Спорт

Синот на Леброн Џејмс не се прослави на својот деби НБА настап

20240707092901 Big 730x400 94.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Брони Џејмс, синот на еден од најдобрите кошаркари во историјата Леброн Џејмс, во саботата вечер го одигра првиот натпревар за Лос Анџелес лејкерс на турнирот од летната лига во Сан Франциско.

Деветнаесетгодишниот Брони, кој минатата недела беше избран од Лејкерс како 55-ти пик на драфтот, не блескаше во поразот на неговиот клуб од Сакраменто Кингс со 108-94, постигнувајќи четири поени.

Брони мина 21 минута на паркетот и реализираше само два од деветте обиди, а додаде по два скока и асистенции.

Брони, кој е поранешен играч на Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC), во новата сезона заедно со својот татко Леброн ќе го формираат првиот татко-син тандем во историјата на НБА лигата.

Леброн Џејмс не беше дел од тимот на Лејкерс на подготвителниот турнир „Калифорнија класик“, бидејќи се подготвува со американскиот тим за настап на Олимписките игри во Париз.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов