Утрински Весник
Свет

Новиот шеф на британската дипломатија сака избалансиран пристап кон војната на Блискиот Исток

20240707082238 Big 730x400 56.webp.webp

Велика Британија сака избалансирана позиција за војната на Блискиот исток и ќе вложи дипломатски напори за да се обезбеди постигнување примирје и ослободување на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, изјави новиот шеф на британската дипломатија, Дејвид Лами.

Британските медиуми соопштуваат дека Лами се наоѓа во посета на Германија, што е негово прво патување во странство по убедливата победа на лабуристите на изборите во петокот.

 -Дојде време Обединетото Кралство повторно да се поврзе со надворешниот свет, рече Лами.

Во интервју за Ројтерс тој истакна дека нивната позиција за војната на Блискиот Исток е многу јасна.

-Сакаме да видиме прекин на огнот и ослободување на заложниците, рече Лами, додавајќи дека борбите мора да престанат и да пристигне помош.

 Тој нагласи дека ќе ги искористи сите дипломатски напори за да се постигне примирје, но не даде повеќе детали за ова прашање.

 Лами, исто така, посочи дека Велика Британија сака да ги ресетира своите глобални позиции за прашања како што е климатската криза, но и клучните односи со Европејците и новите сили.

 -Да ги оставиме годините на Брегзит зад нас, има многу што можеме да направиме заедно, рече тој, мислејќи на претходната идеја за безбедносен пакт меѓу Велика Британија и ЕУ.

 Шефот на британската дипломатија утре ќе отпатува во Полска и Шведска, каде што неговите разговори ќе се фокусираат на прашања за НАТО и војната во Украина, соопштија од неговиот кабинет.

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја