Утрински Весник
Македонија

Во Штип приведени две лица за издржување на затворски казни

1706444209 unnamed file.webp.webp
Dik 300x250 mk

На 04.07.2024 во 12.15 часот на ул.„Железничка” во Штип полициски службеници од СВР Штип го привеле М.П.(40) од Штип, а во 13.00 часот на ул.„Ваташка” во Штип го привеле и Б.Д.(64) од Штип.
М.П. бил баран со писмена наредба од  Основен суд Штип за издржување на затворска казна од една година, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Б.Д., пак, бил  баран со судска наредба за издржување казна затвор по член 235-а за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас”.

М.П. и Б.Д. биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре