Утрински Весник
Спорт

За прв пат прекинат меч на ова европско првенство

Grom Novo.jpg

Фудбалерите на Германија и Данска играа натпревар од осминафиналето на Европското првенство, но истиот беше прекинат.

Прекинот на натпреварот е поради невремето кое ја зафати Германија. Дождот не е проблем, но грмотевиците се закана за фудбалерите.

Поради тоа играчите го напуштија теренот по инструкции на судијата Мајкл Оливер.

Причината е гром кој удри во близина на стадионот.

Сите играчи се во соблекувалната и нема информации што ќе се случи следно, и дали и кога ќе продолжи натпреварот вечерва.

Можете да прочитате

РК Охрид вечерва го игра првиот дуел од финалето во ЕХФ Европскиот куп

Барди и Коњаспор остана без трофеј во Купот на Турција

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации