Утрински Весник
Економија

Турската агенција за соработка и координација – ТИКА ќе додели пчеларска опрема на 30 семејства

Pchelarstvo.webp.webp

Турската агенција за соработка и координација – ТИКА, во рамки на „Проектот за развој на пчеларството во Северна Македонија ” денеска на 30 семејства ќе им додели пчеларска опрема, на церемонија што ќе се одржи во с. Курија во Општина Градско. 

Како што информираат од Турската амбасада во Скопје, „Проектот за развој на пчеларството”, што се реализира почнувајќи од 2007 година во различни региони на Северна Македонија, има голем придонес во руралниот развој и зајакнување на социо-економските услови на населението.

Со активната имплементација на проектот во различни региони на Северна Македонија, дојде до заживување на животот во регионот, а добиениот мед, матичен млеч, прополис, полен и други производи почнаа да се пакуваат во традиционални домашни бизниси и се нудат на пазарот поединечно или преку здруженија основани од земјоделци.

За време на испитувањата спроведени оваа година во рамки на проектот одлучено е да се вклучат и семејства од Пласница, Ресен, Центар Жупа – Дебар, Скопје – Студеничани и Радовиш кои се занимаваат со пчеларство, но не можат да ја постигнат саканата ефикасност поради немање доволно кошници со пчели.

– Како резултат на проектната студија, започнати се ангажмани за обезбедување на современи пчеларници, работни материјали потребни за пчеларството и производството на мед и поддршка за обука на вкупно 30 семејства кои се занимаваат или имаат намера да се занимаваат со пчеларство во споменатите региони, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%

Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци, а вработува партиски кадри пред изборите