Утрински Весник
Магазин

Подгответе арапска салата: Здрав додаток за секое јадење

Arapska Salata.jpg

Рецептот вклучува и црни маслинки, кромид, моркови и ромејн зелена салата. Ако не можете да ја најдете, можете да користите и обична марула. Вкусот на салатата дополнително го подобрува слатката пченка.

Состојки: 2 краставици, 2 домати, 1 главица кромид, 1 куп зелена салата, 1/2 морков, 1/2 чаша слатка пченка, 1/2 чаша црни маслинки, 1 лажичка пиперка, 2 лимони, 2 супени лажици маслиново масло и 1 лажичка сол.

Подготовка: Исечкајте ги краставицата, доматот и кромидот. Измијте ја и исечкајте ја зелената салата. Морковот изрендајте го на долги ленти, а маслинките исечкајте ги на тенки прстени. Во поголем сад еден до друг ставете ги сите состојки за салатата заедно со слатката пченка и прелијте ги со исцедениот лимон. Посолете ја салатата со сол, бибер, маслиново масло, па соединете ги сите состојки.

Можете да прочитате

Неделен РЕсет вежбање на отворено со Елена Бубало во организација на Реплек 

Ако се појавува мраз во замрзнувачот, направете го ова и ќе бидете задоволни

Денес почнува Петровденскиот пост: Мора да ги испочитувате овие две правила, инаку ве чека несреќа