Утрински Весник
Свет

Во италијанскиот град Месина уапсени се 112 лица поради трговија со дрога

20240625103027 Big 730x400 6.webp.webp

Полицијата во градот Месина во јужна Италија уапси 112 лица осомничени за шверц на дрога и други кривични дела во голема акција спроведена во Сицилија, Калабрија и Ломбардија.

Судот во Месина задржа 85 уапсени во притвор, а 27 се пуштени во домашен притвор, а се осомничени за здружување со цел лишување од слобода, трговија, одгледување и продавање наркотици, перење пари, недозволено носење оружје, изнуда и други кривични дела, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Уапсените се осомничени и дека се поврзани со криминални структури во Калабрија, Ломбардија, Сицилија, како и во странство.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина