Утрински Весник
Скопје

Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред на 21, 22 и 23 јуни

Sp.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поради верскиот празник Духовден, утре, петок (21.06.2024 год.) и во сабота (22.06.2024 год.) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела (23.06.2024 год.) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Утре (21.06.2024 год.) од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците во Ѓорче Петров и таа на Транспортен центар, а во сабота (22.06.2024 год.) сите билетарници и центри за персонализација ќе имаат редовно работно време.

Жичницата, утре (21.06.2024 год.), како и за време на викендот, ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Можете да прочитате

Празнично работно време на шалтерите на Водовод

Град Скопје најавува интензивирано чистење и тендер за одгаснување на Вардариште

Каролина, Тамара, Куку Леле и Пајак – Скопје ја пречекува 2026 со богата програма