Утрински Весник
Економија

Национален рурален парламент, во организација на тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата

20240617172739 Big 730x400 24.webp.webp

Во Струмица денеска и утре ќе се одржи вториот Национален рурален парламент, во организација на тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој. Целта на овој настан е да се унапреди националната платформа на рурални граѓански организации, локални акциски групи и земјоделски здруженија, која ќе продолжи уште позасилено да комуницира со локалната и националната власт во заедничкото дефинирање на политиките и прашањата поврзани со руралниот развој.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат Петар Ѓоргиевски, претседател на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставник од Општина Струмица, Кристофер Доџ, в.д. директор на УСАИД Канцеларијата за економски развој, Бобан Илиќ, генерален секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа и Карин Рау, Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

– Вториот национален рурален парламент ќе спои повеќе од 80-тина претставници граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор за да се креираат препораки за подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини во земјата во доменот на иновации во земјоделското производство, можности за младите од руралните средини и ЛИДЕР (LEADER) пристапот.

Препораките ќе служат како основа за градење политики на локално и регионално ниво насочени кон долгорочно позитивно влијание за сите жители на овие заедници.

Истовремено, руралниот парламент ќе обезбеди основа за размена на искуства меѓу организациите од руралните средини во земјата, меѓународните организации и експерти кои работат во истата област, се појаснува во соопштението од организаторот на Националниот рурален парламент.

Преку вакви активности, се додава во соопштението, УСАИД придонесува кон вклучување и дискусија помеѓу руралното население и креаторите на политики со цел подобрување на руралните политики и адресирање предизвици поврзани со руралниот развој.

Вториот национален рурален парламент е организиран во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

Можете да прочитате

Народната банка е домаќин на јубилејната Десетта меѓународна конференција

Инспекторите на терен за профитните маржи, денеска на ред малите маркети и бурекџилниците, од утре и трговците на големо

Средба со претставници на Светскиот совет на кредитните унии: Народната банка и натаму ќе биде насочена кон јакнење на отпорноста на финансиските институции