Утрински Весник
Магазин

Почина фолк пејачката Тања – сопругот се прости со трогателни зборови

88675ht.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Почина македонската фолк-пејачка Тања Маџунков (33). Познатата интерпретаторка од Кавадарци ја загуби битката со тешката болест со која се бореше изминатиот период, објави Фокус.

Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг, музичарот Мики Тралала, со трогателна посвета на социјалните мрежи.

„Почивај во мир, принцезо моја, пеј им сега на ангелите“, напиша тој.

Музичко-брачната двојка со децении настапуваше заедно, а беше позната и по својата хуманост.

Тања и Мики последните три години настапуваа без хонорар на забави на матуранти од социјално загрозени семејства во нивното Кавадарци. „Поделената радост е зголемена радост“, велеа тие.

Можете да прочитате

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки

Двајца другари од Индија, пронашле дијамант вреден 50.000 евра, со парите ќе ги мажат сестрите

Хуманитарен Божиќен базар – „ELA во Погон”