Утрински Весник
Македонија

Полицијата бркаше возач без регистарски таблици, па наместо да застане се обидел да удри полицаец

Soobrakajka noke policija 202622 1.jpg

Вчера околу 22.10 часот во с.Варвара, општина Сопиште, полициски службеници од полициската станица Драчево го лишиле од слобода Р.А (26) од с.Малчиште, општина Студеничани.

Околу 20.00 часот на патот кон Марков манастир тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возило фолксваген венто без регистарски ознаки се обидел да удри полициски службеник, а по преземени мерки тој бил пронајден и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Ги видел полицајците, ја заклучил вратата и ги предупредил присутните да бегаат – акција во Гостиварско

Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен

Македонија загуби грант од ИПА фондовите за железницата