Утрински Весник
Спорт

Милијана Рељиќ повторно Европска клупска шампионка во таеквондо

Img 0154 1 Rotated.jpeg
Dik 300x250 mk

Македонката Милјана Релиќ освои златен медал во сениорки -62кг и стана европска клупска шампионка на Европското Клупско Првенство во таеквондо. Таа златниот медал го освои со 4 победи и повторна без изгубена рунда. Ова се 10 нови поени за Мила на олимписката и светската ранкинг листа.

Во 2022 година таа беше Европска клупска шампионка, додека минатата година освои брознен медал. 

Во првото коло, Мила беше слободна, во второ коло Мила беше подобра од италијанката Грета Тарвара. 

Во борбата за медал Мила ја совлада Пољакињата Татјана Томчак со 2:0 во рунди, иако во втората рунда при водство на противничката од 3:10, Мила направи фуриозна рунда и на крај, со резултат од 11:11беше прогласена за победник поради 5 казнени поени на противничката. 

Минатата година, токму Томчак ја порази Мила на еден од турнирите. Во полуфиналето ја победиваме Турчинката Сервел Чакал, ова е прва победа на Мила над Чакал по 3 порази во минатото. Во финалето Мила ја победи Јулија Шпак од Полска, натпреварувачка која редовно освојува Г1 медали. 

Извонредната форма на Мила продолжува до нови успеси под водство на тренерот Александар Ефтимов!

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување